Советот на амбасадори упатува топли честитки до граѓаните на земјата за демонстрирањето на пофално ниво на демократска зрелост на неодамнешните избори. Со значителен одѕив на гласачите и мирно, достоинствено остварување на правото на глас, нацијата ја покажа својата посветеност на демократските принципи.

Советот на амбасадори: Високи пофалби за историскиот избор на прва жена претседател

Во историски момент, д-р Гордана Силјановска Давкова обезбеди убедлива победа, станувајќи првата жена избрана за претседател на државата. Советот на амбасадори го поздравува ова огромно достигнување и и посакува на д-р Силјановска Давкова успешен мандат. Советот изразува надеж за континуирана соработка меѓу шефот на државата и дипломатската заедница за унапредување на надворешнополитичките цели на земјата. Ова вклучува унапредување на билатералните и мултилатералните односи со соседните земји и меѓународните партнери низ различни сектори од заемен интерес.

Признание за политички достигнувања

Советот на амбасадори упатува честитки и до ВМРО – ДПМНЕ за пофалниот настап на парламентарните избори и силната победа. Препознавајќи ја важноста од мирна транзиција на власта и навременото формирање на нова влада, Советот е подготвен да соработува на клучните агенди како што се спроведувањето на реформите на ЕУ, зајакнувањето на демократските институции и почитувањето на владеењето на правото. Овие напори се сметаат за клучни чекори кон обезбедување стабилност, просперитет и забрзување на процесот на европска интеграција.

Прифаќање на демократската култура

Јавното прифаќање на изборните резултати од страна на претседателот во заминување Стево Пендаровски и претседателот на СДМС, Димитар Ковачевски, се оценува како позитивен развој на настаните во демократизацијата на изборните процеси. Нивните честитки до новоизбраниот претседател и опозицијата ја демонстрираат посветеноста на демократските норми и протоколи. Овој гест поставува преседан за непречена транзиција на власта и ја нагласува важноста на одржувањето на демократските вредности.

Советот на амбасадори ги пофалува граѓаните, политичките партии и лидерите за нивниот придонес во демократскиот процес. Додека земјата воведува нова ера со изборот на првата жена претседател и се подготвува за формирање на нова влада, Советот ја потврдува својата посветеност за поддршка на напредокот и просперитетот на нацијата на глобалната сцена.