Новите правила сега треба да бидат усвоени од Европскиот парламент (ЕП) пред да бидат потпишани и објавени во Службениот весник на ЕУ, со што целиот регион на Западен Балкан ќе биде под ист визен режим во однос на ЕУ
Министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската Унија денеска на прво читање го усвоија ставот за безвизно патување во рамки на Унијата за граѓаните со пасоши издадени од Косово.
Новите правила ќе им овозможат на сопствениците на косовски пасоши да патуваат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било 180-дневен период.
Одлуката на ЕУ ќе почне да се применува од 1 јануари 2024 година или од датумот кога во функција ќе стапи Европскиот систем за информации и овластување за патување (ЕТИАС).
Новите правила сега треба да бидат усвоени од Европскиот парламент (ЕП) пред да бидат потпишани и објавени во Службениот весник на ЕУ, со што целиот регион на Западен Балкан ќе биде под ист визен режим во однос на ЕУ.
Косово е единствената земја на Западен Балкан чии граѓани не уживаат слобода на движење во европските земји. Србија, Црна Гора и Северна Македонија немаат визен режим од декември 2009 година, а Албанија и Босна и Херцеговина се префрлија на таканаречената бела Шенгенска листа во декември 2010 година.