Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“, денеска се одржа конститутивната седница на новиот Совет на Општина Кочани. На седницата беше извршена верификација на мандатите на сите 19 советници, со што започна нивниот четиригодишен мандат. За претседател на Советот беше избран Александар Андов.
Нов градоначалник на Кочани е Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ, кој во вториот круг од изборите освои 7.368 гласови, наспроти 5.914 за неговиот противкандидат Венко Крстевски. Излезноста изнесуваше 43,01 отсто, а регистрирани се 697 неважечки ливчиња. Претходниот градоначалник Љупчо Папазов поднесе оставка по трагичниот пожар во „Пулс“ и е меѓу обвинетите во случајот.
