Моментално ситуацијата е под контрола, а гаснењето продолжува со четири возила кои пристигнаа на припомош од Бугарија. За време на пожарот како што информираат жителите кои цел ден учествуваа во гаснењето комбајните жнееле со цел да се спаси житото и да се спаси родот од пламените јазици.
-За среќа манастирот е спасен, изгасен е на време. Не е доцна за помошта што стигна од Бугарија бидејки има потреба од помош кај Чифлик, Умлена и Робово, бидејки од таму може да префрли многу лесно за Пехчево. Попладне дојде и хеликоптер на Армијата. Гаснеа и пожарникарите, од Шумско стопанство и населението. Се што дојде за помош е добредојдено, вели жител на Пехчево.
Додава дека според негова проценка штетата е катастрофална.
-Штетата е огромна, пределот не е најбогат но доста добар е, има доста борова шума, се е изгорено. Тоа на пладне беа страшни пламени јазици, вели тој.
Паралелно продолжува гаснењето на пожарот кај маалото Пасјак каде едно од вкупно 4 те возила кои пристигнаа како помош се вклучија во гаснење на огнената стихија над селото Нов Истевник.