Спасени се три лица лица чиј чамец бурата го повлекла длабоко о немирните води на Дојранското езеро, соопшти денеска Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Утринава околу 8.30 часот на единствениот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК, се јавило лице кое уште со двајца биле наоѓало во чамец во Дојранското езеро кое било зафатено од силно невреме. Ветрот и брановите го оддалечувале чамецот далеку од брегот, кон внатрешноста на езерето. И покрај постојаните обиди трите лица не можеле да воспостават контрола врз чамецот и да се вратат назад на брегот на езерото, објасни Ангелов.

Тим на граничната полиција врз основа на координатите добиени од ЦУК ја лоцирал точната позицијата на чамецот кој бил однесен длабоко во немирните води на езерото, со глисер влегол во бурата и во една драматично спасување проследено со силен ветер и големи бранови, успеал неповредени да ги извлече трите лица кои се наоѓале во голема опасност.