Од скалите под Камени мост машко лице утрово скокнало во реката Вардар, а по преземените мерки е извадено живо, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Утрово околу 8:30 часот е пријавено дека од скалите под Камен мост машко лице скокнало во реката Вардар. Веднаш по добиената пријава се преземени мерки од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и Бригада за противпожарна заштита Скопје, и лицето е извадено живо, велат од МВР.
Со итна медицинска помош лицето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.