Во овој момент, јас не познавам личност во Македонија која има точен одговор на прашањето што Бугарија бара од Македонија, го имаме тн. Француски договор, но стравувањето на сите е дека и денеска да го промениме Уставот, немаме гаранции, туку имаме сомнеж дека повторно ќе има барања, изјави за „Вин вин“ на Телма, универзитетскиот професор, Александар Спасеновски.
Тој истакна дека актуелната политика на Бугарија кон Македонија е политика на конфротирање, дури и да се надминат проблемите кои денес ќе се испорачуваат повторно ќе се соочиме со нов бран на барања.
-Во оваа ситуација ако некој сакаше Македонија и Бугарија во овој момент се на историски најниско ниво кое навистина има голем број на непознати во кој правец ќе се развива и како Македонија ќе се однесува во однос на неразумните барања од страна на Бугарија и во однос на европските интеграции, рече Спасеновски.
Според него ситуацијата во Бугарија е драматична, тие се во константна политичка криза и во таква криза не можејќи се постави стабилна влада го имаме македонското прашање.
– Во целиот период во Бугарија константна е ГЕРБ чиј однос може да се подели во две фази, и мислам дека предводникот на наративите се тие. Првиот период од август од 2017 со Договорот за пријателство и добрососедство и тогаш викаа дека почнува нова ера на македонско бугарските односи и потоа вториот период во октомври 2019 кога беше изгласан Декларацијата во бугарскиот парламент имаше радикална промена во Бугарија. Многу повеќе радикално е присутен периодот на замрзнати и лоши односи отколку кога се зборувало дека тоа било надминато, рече тој.