МЗТ Скопје е на прагот со чудесен камбек во завршницата од сезонава да побегне од последното место во АБА1 лигата откако „металците“ славеа во последното коло против Цибона со резултат 87-74. Аеродромци се мачеа во одбраната во првото полувреме, за две четвртини примија дури 53 поени (41-53), а до победата стигнаа благодарение на неверојатниот пресврт во третата четвртина што ја добија со преубедливи 30-5. Со оваа трета победа во низа македонскиот првак сега има една победа повеќе од Борац Чачак и за дефинитивно бегство од дното потребно е само уште Борац да загуби на утрешното гостување против Будуќност, што би значело дека МЗТ за опстанок ќе игра бараж со второпласираниот тим од АБА2.

„Металците“ нешто послабо влегоа во мечот, Цибона лесно го наоѓаше патот до обрачот и набрзина поведе со 3-9. Бурсаќ беше единствениот расположен во таборот на МЗТ во почетните минути, но штом кризата беше надмината тимот на МЗТ Скопје влезе во ритам и во одбрана и во напад, па со поените на Кефи стигна до првото водство на мечот (12-11). Дамјан Стојановски погоди тројка за 19-16 по која гостинскиот тренер побара тајмаут, a „металците“ се соочија со пролем откако Дамјан и Војдан уште во првата четртина направија по две лични грешки, а тренерот Николиќ за овој меч не можеше да смета ниту на Миќовиќ. МЗТ не постигна ниту еден поен во последните 2:43 минути од четвртината, а Цибона со мини-пресврт го заврши првиот период со водство од 19-21.

Дастин Вер презеде одговорност постигнувајќи пет брзи поени на самиот старт од втората четвртина, но Цибона повторно лесно реализираше, создавајќи им сериозни проблеми на „металците“. Николиќ зеде тајмаут по тројката на Мајцуниќ за 34-38, но во наредните две минути Цибона погоди уште три тројки, поведувајќи со уште поубедливи 39-47, пред Николиќ да побара уште една минута одмор за својот тим. Оваа втора четвртина сепак мина целосно во знакот на гостите , кои на одмор заминаа со преубедливи 41-53.