Власта предводена од СДС и ДУИ се грижи за партиските интереси, за интересите на поединци, а граѓаните ги има заборавено, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски наместо ред и безбедност за граѓаните, тој продуцира неред и безмилосно ги остава граѓаните во крајно нечовечки услови да чекаат да се сликаат за личен документ, а потоа и во нечовечки услови да ги подигнат истите, ако воопшто успеат.
Оливер Спасовски ако сакаше можеше да ја изменаџира ситуацијата и сите навреме и во соодветни услови да добијат лични документи.
Хаосот во врска со личните документи е доказ дека Оливер Спасовски се грижи само за себе промоција, а граѓаните не му се ни на крај памет.
Оливер Спасовски покажа дека ги третира подостоинствено криминалците на кои организирано им даде патни испрати, односно пасоши.
Оливер Спасовски покажува само како го злоупотребува целото МВР да работи исклучиво на негова промоција.
Единствен лек за граѓаните кои патуваат, кои имаат потреба да одат во други држави на лекување е Уставниот суд да донесе времена мерка, бидејќи оние граѓани кои имаат неопходна потреба од пасош не можат да го добијат ниту по итна постапка.
Власта на СДС и ДУИ ќе ја казнат граѓаните! Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.