Спасовски ги демантира обвинувањата за вмешаност во дискотеката Пулс
По најновите обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ за наводна вмешаност во случајот, поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најостро ги демантираше тврдењата, истакнувајќи дека никогаш не се обидел да влијае или спречи контрола во дискотеката Пулс.
„Најостро ги демантирам лагите и манипулациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира. Ги отфрлам како целосни невистини. Ова е класичен пример за очајна манипулација“, истакна Спасовски.
Тој додаде дека никогаш не се јавил за да спречи контрола и дека фактот што контроли имало насекаде е доказ дека не влијаел врз процесите:
„Никогаш, ниту во еден момент, не сум се јавил за да спречам контрола, напротив, фактот што контроли имало насекаде е најсилна потврда дека ниту сум влијаел, ниту постои било каков обид за тоа.“
Спасовски оцени дека овие тврдења се дел од политичка манипулација и злоупотреба на трагедијата во Кочани:
„Овие лаги кои ги шири власта се очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ за последна злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели, во момент кога јавноста веќе знае дека токму нивни функционери, од сите ешалони на власта, биле директно инволвирани во случајот „Пулс“ а сега се заштитени.“
Тој повика на објективност и истакна дека спиновите не можат да го сокријат фактот дека правдата се попречува:
„Сакам да им порачам дека со спинови и лаги не може да се побегне од фактот дека власта ја попречува правдата за трагедијата во Кочани.“
Да се потсетиме на дел од пораките што ги објави вчера „Плусинфо“ кои покажуваат можно вмешување на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во случајот со дискотеката „Пулс“.