-Едно општество за сите го градевме со љубов, за сите националности, секој еден граѓанин што живее во нашата земја, ова не е само по верска и етничка основа, туку еднакви можности за сите, дали живеат во село или град или пак општина, концепт кој дава еднаква шанса на секого да опстои и да остане овде и да ја гради иднината со своите деца, дополни Спасовски.
Тој посочи дека секој од нас има потреби или проблеми, а не можат сите проблеми да се решат, но власта може да посвети внимание на секој еден граѓанин без оглед на професијата, бидејќи граѓаните мора да имаат институции на кои може да се потпрат.
-Досега покажавме дека државата е тука покрај секој граѓанин и дека има како да ги решиме сите проблеми. Преку проекти помогнавме повеќе од 500 милиони евра за локалната самоуправа за 7000 проекти, 1040 км патишта, 60 градинки од кои 40 се во руралните средини кои за првпат имаа можност да имаат вакви установи, 80 училишта, 60 полициски станици. Ги остваривме нашите стратешки цели и направивме Северна Макдонија да биде дел од НАТО Алијансата, реализиравме сите проекти што значеа , го решивме проблемот на 12.000 стечајци, во здравството инфраструктурата, додаде Спасовски.
Тој посочи дка оваа година Програма за локални избори на СДСМ се темели на 5 клучни столба, прв столб е „мојот градоначалник“, човек од народот, достапен за сите.
-Вториот е зелената агенда, тоа не е привилегија на партии кои се претставуваат дека се зелени а не прават ништо, ние покажавме дека сакаме да поддржиме зелени политики, трето е хуманата градба, тоа значи да се гради по план, што е потребата и што таквите градби и инвестиции носта како влог, четвриот столб е инфрструктурата без која не може да има добар развој, за да се подобри животниот стандар и развој на општината, а петтиот столб е локалниот економски развој, а на тоа треба сите заедно да работиме, на секое ниво на власт да има политики кои ќе помогнат во економскиот развој, рече Спасовски.