– Го воспоставивме концептот едно општество за сите, и тука не мислиме на тоа кој на која вера или нација припаѓа, туку говориме за подеднаков пристап до институциите, и оние кои живеат во селата и градовите и оние кои се со основно и оние со високо образование, и за младите и за повозрасните, порача Спасовски.
Тој посочи дека токму оваа Влада ја реализираше една од двете стратешки цели, а тоа е влезот во НАТО со заштитен македонски јазик и идентитет.
– Денес ние го живееме сонот на нашите претци, живееме во самостојна, слободна и демократска држава. Станавме 30 земја членка на НАТО, дел сме од најмоќниот воено-политички сојуз. Во НАТО влеговме како Македонци, со македонски јазик и идентитет. Да знаете дека сега се мотивирани како никогаш претходно, и покрај сите блокади и удари кои ни ги нанесуваат, како Влада преземаме одговорност, дека ќе ги започнеме преговорите со ЕУ и ќе влеземе во ЕУ како Македонци, со македонски идентитет и со македонски јазик. Од тоа не отстапуваме, истакна Спасовски.