Спасовски, како што информираат од неговиот кабинет, утрово имал билатералба средба со Координаторот на ЕУ за борба против тероризмот Илка Салми, на која меѓу другото ги претставил постигнувањата на земјата во однос на исполнување на препораките од заедничкиот Акционен план за борба против тероризмот.
Во текот на денот Спасовски ќе учествува на Министерскиот форум и ќе има обраќања на трите работни сесии посветени на миграцијата, борбата против тероризмот и справувањето со организираниот криминал, на кои ќе ги презентира стратешките цели и активности на нашата земја, согласно утврдените теми на форумот кои се важни сегменти од сферата на безбедноста и спроведувањето на законите.
На маргините на Форумот, Спасовски, како што е најавено, ќе оствари билатерални средби и со Еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон и директорката на Европската Канцеларија за поддршка во областа на азилот (ЕАСО) Нина Грегори.