„Постојат многу факти во истрагата за лажните дојави за бомби кои се утврдуваат. Зошто во Скопје, зошто прво во ЈСП, па во средните училишта? Сите информации и заклучоци ќе ги кажаме кога ќе заврши истрагата и ќе имаме реализација, што ќе биде за многу брзо“ изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека важно е да се сочува мирниот пристап на сите и покрај вознемиреноста и несигурноста и повика да не се политизира овој случај.
„Ваквите напади не се изолиран случај само во Северна Македонија. Вакви напади има и во САД и во други земји-членки на НАТО и ЕУ“ рече Спасовски.
Министерот додаде дека штом се утврдат сите факти и сите податоци, во соработка со јавното обвинителство ќе се излезе со во јавноста и се ќе биде транспарентно објавено.