Одговорно тврдам дека ова раководство на министерството за внатрешни работи, откако сум јас на чело на истото, има нулта толеранција за секаков вид криминал, без разлика кој е сторителот, рече министерот Оливер Спасовски во интервјуто за Top-news.mk, одговарајќи на прашањето дали полицијата прави селекција на криминалците по национална основа.
„И вашето прашање исправно е формулирано – во минато време, кога бевме сведоци на селективност во борбата против криминалот на роднинска, партиска, национална, верска или друга основа… Меѓутоа, пак ќе повторам, тоа време е завршено! За нас важи правилото – кој сака и од каде сака нека биде, ако згрешил пред законот и пред правдата, тој ќе одговара. Нема настан за кој полицијата не постапувала и не поднела соодветна пријава. Дека не постојат заштитени зони покажавме и со редовните контроли по населените урбани или рурални места, каде МВР постапува врз основа на изготвени анализи и планови“, потенцира министерот Спасовски.