По заминувањето од Крушево веднаш дојдов во Ранковце кадешто македонската полиција е на терен и помага во гасењето на пожарите, напиша вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.
Граѓаните, посочува, не се сами, државата е со нив.
– Ќе ги искористиме сите расположливи средства и ќе сториме сè што можеме да ја спречиме огнената стихија низ целата држава, пишува Спасовски.
По заминувањето од Крушево веднаш дојдов во Ранковце кадешто македонската полиција е на терен и помага во гасењето на…
Posted by Oliver Spasovski on Monday, August 2, 2021