Оливер Спасовски, министерот за внатрешни рабопти, денеска во одговор на новинарско прашање откри дека е уапсено одговорно лице за дојавата за лажни бомби во училиштата во Кавадарци во изминатиот период.
– Да, во однос на ова прашање за закани за поставени бомби во Кавадрци, кои ги вознемирија граѓаните, можам да кажам дека целосно е расчистен случајот. Денеска се поднесува кривичната пријава до соодветното обвинителство. Така да, откриен е сторителот и затворен е целиот случај, рече Спасовски.
Министерот наедно потврди дека станува збор за малолетно лице.