Дваесет и шестгодишникот, за кого ММС објави оти е внук на Бошкоски, односно внук од брат на неговата сопруга Виолета, бил пријавен за исчезнат на 4 март. Во изјава за медиумот, сопругата на Бошкоски потврдила дека нејзиниот внук е исчезнат, а според објавите на социјалните мрежи кои деновиве масовно се споделуваат на социјалните мрежи, тој наводно бил киднапиран во близина на чешката амбасада.
Скопската полиција од вчера презема мерки и постапува по случајот со исчезнатиот 26-годишник Самоил Костадиновски за кого медиумите објавија дека е внук на политичарот и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, потврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Од вчера се преземаат активности во низа на оперативно-криминалистички постапки од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје. Ќе ги согледаме сите факти што ќе произлезат од истрагата за да видиме и да откриеме за лицето кое се води како исчезнато“, изјави Спасовски по конференцијата на тема „Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два фронта“, која ја организира Министерството за труд и социјална политика.