Не сте задоволни од тоа како живеете? Се помалку пари, ниски плати, а се повисоки цени. Не можете да ги добиете услугите од институциите кои природно треба да ви се достапни? Корупцијата е широко распространета, а правдата недостапна. Чувствувате несигурност. Сигурно се прашувате до кога вака, за тоа што вие знаете дека е премногу, нагласи Емил Спасовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка во своето обраќање кон граѓаните.

Спасовски додаде дека општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка ги повикува граѓаните да се придружат на 18-ти јуни во 20 часот пред Влада на голем општонароден протест каде што ќе се порача на ненародната власт дека крајот им се ближи и дека се потребни предвремени парламентарни избори.

– Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка ве повикува на голем општонароден протест за промени. Заедно да го искажеме незадоволството од неспособноста на власта. Незадоволството од широко распространетата корупција спонзорирана од власта. Незадоволството од тоа како живееме наспроти аздисаноста на власта. Незадоволството од се помалите плати наспроти се поголемите цени. Незадоволството од недостапна правда, здравствена заштита и општа сигурност. Премногу е! Тргнување од Крива Паланка за големиот протестен собир на 18-ти јуни, сабота во 17 часот во Старата чаршија во крива Паланка, ги повика Спасовски граѓаните на Крива Паланка.