Секогаш има обиди некој да саботира полициски акции, ама верувајте дека МВР како институција и институциите кои работат во системот на спроведување на законот се тие кои го оневозможуваат тоа, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.
– Секогаш постојат луѓе кои сакаат да бидат сојузници со криминал, нашата задача е да креираме систем кој ќе им се спротивстави. Не можат криминалците да го победат најголемото мнозинство во државата, напиша Спасовски на Фејсбук.