Спасовски во своето обраќање изрази задоволство што веќе традиционално неколку години по ред заедно со професорите и студентите на оваа реномирана институција од областа на безбедноста имаат можност да разговараат за теми поврзани со безбедноста, криминалот, постојаните реформи во полицијата, при што направи еден мал осврт на за развојот на полицијата во периодот на неговото раководење со министерството.

Спасовски образложи дека со Факултетот за безбедност и неговиот академски професионален капацитет и знаење во голем дел биле искористени во реформирањето на Министерството и полицијата во институции какви што се денес. Затоа отворивме широка соработка со Факултетот за безбедност, преку која ги користевме академското и професионално знаење, научните правила и норми во сите чекори кои ги преземавме во реформирањето на Министерството и полицијата во институции какви што се денес.

Спасовски зборуваше за сите реформи, од почетните професионализацијата, департизацијата и декриминализацијата на институцијата, преку формирањето на Оперативно-техничката агенција, формирањето на Агенцијата за национална безбедност и укинувањето на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Потенцирано беше и покачувањето на платите на полицијата за 35% од 2017 до денес, исплатата на бонус платите, регресот за годишен одмор како и отвореноста и транспарентноста на полицијата која од целосно затворена институција денес е една од најтранспарентните институции, а Република Северна Македонија е најбезбедна држава на Западен Балкан.

Министерот Спасовски потсети дека со Факултетот за безбедност во овие години се реализирани голем број активности: трибини, конференции, истражувачки студии, научни собири, заеднички превенти активности и кампањи, После две децении беше обновено Меѓународното научно списание „Безбедност“ кое низ научно-истражувачката дејност има потенцијал да помага, да ги поттикнува реформите и професионалноста во Министерството.

Спасовски на студентите им порача дека голем број нивни дипломирани колеги својата професионална кариера започнаа да ја градат во Министерството и полицијата, со цел заштита и безбедност на граѓаните и општеството и дека веќе се имплементирани програми со кои најдобрите студенти од нив сигурно ќе го започнат своето професионално патување во рамки на министерството и другите безбедносни институции во државата, градејќи го и унапредувајќи го безбедносниот систем.

Деканот на Факултетот за безбедност проф.д-р. Никола Дујовски истакна дека предновогодишно академско кафе со министерот Спасовски е убава можност да ги сумираме резултатите и да ги претставиме најзначајните проекти за наредната година.