Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, информира дека како резултат на досегашните оперативни акции на Министерството за внатрешни работи, вкупно 50 лица се наоѓаат во македонските затвори за постапување во делот на тероризмот.
Спасовски на денешното дефиле „Јас внимавам и безбедно возам“ одговарајќи на новинарско прашањe рече дека неодамнешното апсење на двете лица кои биле во служба во ИСИС е резултат на една од успешни акции на Министерството.
– Покрај многуте други акции во борбата против тероризмот, и вчера беше спроведена акција во која уапсени се три лица, две лица на територијата на Северна Македонија и едно лице на територија на Република Франција, значи ова беше заедничка акција која ја спроведовме во исто време, се работи за лица повратници кои биле или лица кои повторно се обидуваат да бидат некаде на бојните полиња, а знаете дека кај нас е санкционирано учеството во странски војски, така да дали имало лица повратници имало – рече Спасовски.
Спасовски рече дека Министерството е постојано фокусирано на сузбивање на тероризмот.
-Борбата против тероризмот или тероризмот како појава е нешто што е сериозен предизвик и ќе продолжува да биде и понатаму предизвик, како што е миграцијата, како што е сајбер криминалот. Институциите на државата, Министерството за внатрешни работи, безбедносните служби, насочени сме постојано во борбата против тероризмот, изјави министер