Поради лошите временски услови и прекинот со електрична енергија од саботата, болницата немала вода и основни услови за работа, односно за амбулантски прегледи и хоспитализација на пациенти.

Директорката на болницата, доктор Алелсандра Пили, во изјава за МИА информира дека екипи прават тестирање на пумпите за довод на вода и системот за парно греење и од понеделник ќе продолжат со редовна работа.

– Хоспитализираните пациенти од сабота соодветно се транспортирани до своите домови. Правиме тестирање на парното и доводот на вода и од понеделник ќе почнеме со редовните амбулантски прегледи, истакна Пили.