Португалската фудбалска федерација го санкционира најавувачот на стадионот „Драгао“ со 1430 евра.

За потсетување, по натпреварите со Јувентус (2:1, 2:3) во март годинава, Саул на Инстаграм напиша:

„Се одмаздивме на италијанските крадци, се одмаздивме на свињата Роналдо за она што го направи во Драгао. Со нетрпение очекувам видео од штрбавата Долорес (мајката на Роналдо) и нејзиното семејство.

За навредите упатени кон Роналдо и неговото семејство, и клубот Порто веднаш поведе дисциплинска постапка против официјалниот спикер.