Социјалистичката партија на Македонија внимателно ги следи изјавите и ветувањата на премерот и министрите во врска со најавите за зголемување на цените на прехранбените и други производи.

Пред само неколку дена токму од власта беше ветено дека цените на прехранбените и други производи драстично ќе се намалат !?, велат од партија

Во продолжение реакцијата

Тоа јавно искажано ветување беше повторувано и од премиерот и од министерот за економија и од другите членови на Владата.
Кога тоа не се остварува, туку цените и натаму се високи и растат и кога инфлацијата е над 20%, министерот и премиерот искажуваат став дека „очекувањата на граѓаните биле нереални“ ?!
Дури министерот за економија искажа став дека тоа се ненормални очекувања и со тоа самите граѓаните ги окарактеризира за ненормални !
Колку бедно и срамно е да се лажат и да се навредуваат граѓаните дека цените ќе се намалат кога е очигледно и на сите ни е јасно дека тоа не се случува.
Но тоа не го гледаат единствено самобендисаните, полни со себе, арогантните и неспособни министри на чеко со нелегитимниот премир, каква што вушност е и целата Влада, нелигитимна и без мандат.
Зошто ги лажат граѓаните премиерот и министрите дека во економијата е се во ред, дека сите прашања се решени и дека платите се зголемени?
Како граѓаните да не забележуваат дека цените се незапирливи и дека државата не превзема ништо за да ги заштити од масовното осиромашување и високата инфлација.
Оваа до крајност неспособна Влада освен демагогија, лаги и евтини детски спинови нема што друго да понуди !
Затоа таа мора да си оди и да се случат итни парламентарни избори за спас на граѓаните од страховладеењето кое ја ништи македонската државност, македонската економија, историја и се што е македонско.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека само национално опредлена влада со избрани народни претставници ќе биде реален одраз на желбите и очекувањата на граѓаните.
Неопходно е да се избере Влада што ќе ги оствари ветувањата и очекувањата на граѓаните, Влада за спас на Македонија и на нејзините граѓани.
Колку тоа да не е прифатливо за Владата, колку и да е кај нив голем стравот од изборниот пораз и дебакл, толку е поголема потребата на граѓаните од вонредни парламентарни избори, веднаш !