Социјалистичката партија на Македонија економската политика на Владата ја оценува како хаотична и несистемска со ограничувачки долгорочни негативни тенденции, велат од партијата.

-Со раст на цените и со намален стандард граѓаните се разочарани и апатични. Платите на најголемниот дел од работниците не растат и не може да се покрие јазот што го создаде инфлацијата, а исто е и кај пензиите кои ја губат трката со цените. Сиромаштијата што ја создаде СДС се зголемува на штета на најпогодените категории граѓани.
Власта очекува намалување на цените и на инфлацијата, но спротивно на тие нерационални очекувања инфлацијата се одржува и натаму и влијае на нискиот стандард на граѓаните.

Премиерот Ковачевски често го споредува стандардот од поранешна Југославија и се фали дека македонските граѓани со него ќе имаат повторно поголем стандард од државите со кои врши споредба.

Меѓутоа, Ковачевски манипулирајќи не кажува што тој направил во неговиот мандат и во 6 годишниот мандат на СДС освен раст на сиромаштијата, на корупцијата и на крадењето, а кога вели дека ќе донесе одлуки и ќе направи сè тој за тоа очекува децениски премиерски мандат. Овие негови нереални очекувања и несериозни надежи за Македонија претставуваат дополнителен товар.

Компарацијата на Ковачевски не е да ја поттикне југоносталгијата туку да врши притисок за уставни измени дека само со поддршка од ЕУ ќе расте стандардот на граѓаните и ќе се развива државата.

Социјалистичката партија на Македонија заедно со граѓаните оддамна ја согледа неспособноста на владата на Ковачевски и Груби кои се специјализирани за корупција, лажење и крадење.

Затоа, Социјалистичката партија на Македонија заедно со опозицииските партии бара нивна итна смена и одговорност за да се изберат чесни политичари кои ќе ја имаат поддршката од народот, додаваат од Социјалистичката партија на Македонија.