Социјалистичката партија на Македонија изразува крајна огорченост и револт од неразумното постапување на Владата во спроведување на таканаречената кампања на “Саемот за храна, вино и туризам“ во Белград.
Социјалистичката партија на Македонија ова го смета за брутален антимакедонски чин на луѓе кои го имаат изгубено елементарното чувство за припадност.
Во продолжение соопштението од партијата
Владата дрско и безобразно забранува употреба на зборовите “Македонија“ и “македонски“ на амбалажите и рекламните материјали за производите и услугите од македонските производители и трговци дури и во промотивни цели, со што се потврдува дека оваа ненародна Влада се срами од своето потекло и од името на својата држава.
Воедно и ова претставува сериозно кривично дело за кое што ќе се одговара.
Социјалистичката партија на Македонија со целосна сериозност ја нагласува невидената и примитивна дрскост за директната и непосредна владина контролна проверка на производите и услугите што ќе се презентираат, со исклучување на секакво “македонско“ на нив или во нив, иако логото “Made in Macedonia“ се уште е македонско национално и не постои забрана за негова употреба на македонските производи и услуги, дома и во светот.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека граѓаните и компаниите секојдневно се сведоци на несватливото, неразумното и штетно делување на однародената владина клика која злоупотребувќајќи го концептот за “Винската визија на Отворен Балкан“ го промовира сопствениот социјалдемократски концепт за уништување на се што е македонско.
Време е состојбите да се средат со добивање природен демократски тек преку вонредните парламентарни избори и рушење на оваа одродена антимакедонска власт.