Скапо платен аналитичар сместен во претседателски кабинет. Разочарувачка и повторувана матрица на еднонасочно размислување. Човек без визија, со немање алтернативни погледи неможе да биде претседател, велат од Социјалистичка партија на Р. М

Во продолжение соопштението 

Ригиден во своите ставови, нетрпелив кон различното мислење. Навидум разложен и помирлив, а во суштина конфликтен и заканувачки.
Попустлив кон туѓите барања со неразбирање кон домашните.
Таксативно набројување на внатре државните проблеми без желба да се понуди било какво решение.
Посочување вина секаде, но без ниту ронка самокритичност, оптеретен со наратив антагонизиран кон опозицијата и опозициските пратеници.

Обвинување кон сите кои се раководат според расположението на народот, всушност на говорникот очигледно е дека ниту народот не му се допаѓа, подеднакво како и оваа држава за која не смогна храброст ниту еднаш да и го спомене името.

Манипулативен говор, интригантски и заканувачки.
Ликот на денешниот собраниски говорник пример за претседател каков на Македонија не и е потребен.