Мафијата на власт губи контрола. Македонија стана дувло на криминалци и заложник на мафијашите и подземјето контролирани од Оливер Спасовски и СДСМ. Имено, последната жртва на ордите на власта и цел на нападот е пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“. Овој гнасен и кукавички чин претставува директен напад и обид за заплашување како на пратениците, така и на граѓаните, раегираат од Социјалистичката партија на Македонија.
Во продолжение соопштението
Но ова веќе станува редовна пракса и метод на работа на СДСМ. За потсетување, ова не е прв пат власта да удри врз народните избраници. Пред околу година и половина, на истиот пратеник му беше опожарена викендицата за што виновниците никогаш не се пронајдоа, туку напротив мафијата повторно и во тој случај доби заштита од Оливер Спасовски и СДСМ. Да биде трагедијата уште поголема, овој случај експресно, за само 6 недели беше затворен и заведен како „несреќен случај“ иако во куќата подолг период немало електрично напојување.
Исто така, македонската јавност се сеќава и на опожареното возило на еден опозициски пратеник од Струга, како и опожарениот семеен дуќан на уште еден опозициски пратеник од Скопје.
Вака криминалците од СДСМ владеат со државата. Партнерството на СДСМ со мафијата е реалност и секојдневие на сите граѓани.
Народот живее во страв за својата безбедност, ама затоа криминалците на СДСМ живеат без гајле.
Токму затоа, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ бара веднаш отворање на истрага и брза реакција за пронаоѓање на виновниците бидејќи токму МВР, Спасовски и СДСМ многу добро ги знаат извршителите на овој кукавички чин.
Дополнително, за овој напад и удар врз демократијата и граѓаните ќе ги известиме сите релевантни меѓународни институции и амбасади со цел осуда и разрешница на ваквите грозоморни и гнасни методи на заплашување од страна на власта.
На крајот, од оваа говорница, целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ и сите пратеници кои стојат зад мене, сакаме да им порачаме на власта и криминалците кои ја водат државата дека ова нема да не поколеба и исплаши, туку напротив ќе не поттикне уште повеќе и посилно да се бориме против кукавиците и мафијашите кои ги држат во заложништво граѓаните, институциите и државата.
Пратеничка група на
Коалицијата ,,Обнова на Македонија”