Социјалистичката партија на Македонија воопшто не е изненадена од широкиот опфат на опожарувањето на шумскиот појас насекаде низ државната територија.
Ниту по 6 години владеење, особено не после минатогодишните силни пожари, Владата на СДС и ДУИ не успева да се справи со огнената стихија. Токму таа со својата инертност, неодговорност и неспособност е најголемата причина за годинешниве пожари, велат од партијата.
Во продолжение нивното соопштение
Оттаму, Социјалистичката партија на Македонија укажува на следноте факти за целосната неподготвеност на државните институции да го имаат под котрола шумскиот простор во Решублика Македонија, а се однрсува на следното:
1. Следење на шумските пожари- во ЦУК МАК ФИС систем за следење и рано предупредување од појава на пожари – не функционира;
2. Сили за гаснење на пожари – редовен и резервен состав со опрема за гасење на шумски пожари, како и ер-трактоти во ДЗС исто така – не функционира;
3. ЈП Македонски шуми – сите вработени во подружницата се во состав на сили за гасење, а за пожари од пошироки размери се формираат регионални сили од подружницата по региони во државата – непознато е дали директорот на ЈП МШ знае за оваа обврска;
4. Во ДЗС сеуште во нивниот Закон или Правилник немаат донесено стандардни оперативни постапки за кревање на противпожарните авиони (како АРМ за хелихоптерите кои гасат со ведро) па затоа има
злоупотреба на директорот на ДЗС и нерационално потрошени часови за летање.
5. Неорганизираност во АРМ кога на нивниот опожарен полигон елсплодираат заборавени или оставени експлозивни средства.
Ова се само дел од фактите кои во државаат кај граѓаните создаваат чувство на несигурност и отсуство на заштита.институциите се обични набљудувачи наместо без активност во гасењето на шумските пожари.
Социјалистичката партија на Македонија прашува дали воопшто е направена проценка висината на штетата од изгорениот шумски етат и дали и до каде е активноста со засадување стебла на опожарените простори од минатата година.
Не постои ниту една област во која Владата и институциите постапуваат во согласност со законски дефинираните обврски и задолженија. Карактеристика за нефункционална држава во фаза на распаѓање на целиот систем.