Лидерот на Социјалистичката партија Љупчо Димовски посочи дека не се очекуваат значајни отстапки од досегашното изборно учество

Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, најави дека партијата нема да прави драстични промени во учеството на претстојните локални избори во однос на претходните. Како вицепремиер за политички систем, Димовски во интервју за Сител нагласи дека СПМ ќе се раководи според анкетите и мислењето на јавноста. Посочи дека таму каде што имаат шанси – ќе предложат кандидати за градоначалници.

Димовски: Единството е клучно за посветла иднина на Македонија

Кандидатури ќе се засноваат на реални шанси и поддршка од коалицијата

– Таму каде што ќе се покаже дека наш кадар има добри изгледни шанси да биде градоначалник. Постојат можности ние да го кандидираме, да го прифати нашиот коалициски партнер за да оди на избори – изјави Димовски. Тој додаде дека не очекува големи отстапки во учеството на СПМ во однос на минатите избори.

Коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ: Речиси две децении стабилна соработка

Димовски повторно беше избран за претседател на СПМ на неодамнешниот партиски Конгрес. Во врска со долгогодишната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека таа се темели на заемна доверба, искрен настап и разбирање за националните прашања.

– За жал, 120 години сме историски вратени назад и сосема е реално СПМ да соработува со ВМРО, особено за националните прашања – додаде тој.

Критики за Таравари и коментар за Азир Алиу како можен министер за здравство

Димовски го оцени излегувањето на Арбен Таравари од Владата како „многу несериозно и неодговорно однесување“. Според него, најавените промени во коалицијата Вреди би можеле позитивно да влијаат на ефикасноста на Владата.

За предлогот Азир Алиу да биде нов министер за здравство, Димовски истакна дека иако не доаѓа од здравствениот сектор, неговите менаџерски способности би можеле да донесат нова перспектива. – Можеби е предност да биде надвор од системот на здравството затоа што со подруга диоптрија ги гледа сите проблеми – рече Димовски, но додаде дека конечната одлука ѝ припаѓа на премиерот.

Извор: Миа