Социјалистичката партија на Македонија ја оценува како срамна „неодговорната изјавата на Пендаровски за наводните опозициски опструкции на зачленувањето на Македонија во ЕУ“.

Од СПМ велат дека Пендаровски ставот го базира на „личната недоследност, изместената перцепција за иднината на Македонија и погрешно интерпретираните изјави на европските претставници за кои, како и останатите промашени политичари во нелегитимниот државен врв, си дава за право да ги толкува“. Нејасно е, велат од СПМ, како со својот аналитички талент не ги увидел институционалните промени кои се случуваат во Европа и затвореноста на клубот за нови држави членки.

Овој несреќен избор за претседател очигледно нема капацитет да ги разбере и да ги менаџира државничките потреби и процеси во Македонија. Уште помалку ја разбира најавата за внатрешни реформи во ЕУ без кои нема процес за проширување. Неговата неодговорност, исклучивост и пристрасност се гледа во тоа што не најде за сходно ниту да покрене иницијатива за решавање на разликите меѓу власта и опозицијата. Тој не ја сфаќа сериозноста на уставната и политичката криза која ескалира, а молчи во очекување на втор манадат од неговата партија, сведувајќи го првиот на обично малограѓанско сплеткарење и интриганство, реагираат од СПМ.

Затоа, додаваат, и после повеќе од четири години довербата кај народот му е сведена на статистчка грешка.

Пендаровски не реагира и молчи за корупцијата и енормниот криминал во власта, молчи за економско социјалните проблеми, за масовните незадоволства на работниците, на пензионерите, наставниците, земјоделците, студентите и други бројни категории граѓани кои штарјкуваат и кои бараат власта да им помогне или да си оди. Се бараат нови избори, а тој молчи споменувајќи внатрешно доуредување како да треба да се менува мебелот во државната администарција. Со ваквите ставови и однесување Пендаровски отворено и се приклучува на нелегитимната влада на Ковачевски во започнатата предизборната кампања со злоупотребени пари од народот и со лаги и манипулации, што потврдува дека воопшто не е поразличен. Затоа Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека опозицијата е во право за сите барања кои се во името на народот и воопшто нема илузија за промена на ставовите или односот на Пендаровски кон проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Затоа тој оддамна не заслужува никаква почит сметајќи го за недостоен за функцијата која му е доделена. Добро е што претседателските избори се многу скоро и македонските граѓани ќе можат да се збогуваат од овој несреќен избор, но и да бираат за вистински македонски претседател на сите и кој посветено ќе води грижа за секој човек, порачаа од СПМ.