Од Синдикатот на Полиција во Македонија – СПМ го прашуваат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски- зошто ги заборави полициските службеници?!
-На ден 02.11.2021 година Министерот за финансии Фатмир Бесими излезе на прес- конференција и гордо изјави дека ќе има повисоки плати за дел од администрацијата, рекордни 615 милиони евра за капитални инвестиции и највисок јавен долг до сега од 65,9 проценти од БДП. Министерот за финансии Фатмир Бесими го претстави предлог буџетот за идната година. Го оцени за развоен.
-ТУКА ВЛЕГУВААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИ ВО ЗДРАВСТВО ЗА 5 ПРОЦЕНТИ, ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ ВО СУДТСВО ЗА 15 ПРОЦЕНТИ, РАСТ НА ПЛАТИ ОД 15 ПРОЦЕНТИ ЗА ОБВИНИТЕЛИТЕ, 7 ПРОЦЕНТИ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО СОГЛАСНО КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР, РАСТ НА ПЛАТИ ВО КУЛТУРАТА – СОГЛАСНО КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ВО КОЈ РАСТОТ СЕ ПОВРЗУВА СО РАСТОТ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА И 10 ПРОЦЕНТИ РАСТ НА ПЛАТИТЕ НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ СОГЛАСНО ЗАКОН ШТО Е ДОНЕСЕ И СПОРЕД КОЈ ОВА ЌЕ БИДЕ ТРЕТА ГОДИНА КАКО СЕ КОРЕГИРААТ НИВНИТЕ ПЛАТИ, ИЗЈАВИ МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ ФАТМИР БЕСИМИ.
Синдикатот на Полиција во Македонија ја поздравува оваа одлука, иако лично смета дека и овие ветени проценти се мали за наведената категорија на работници.
-Она што не загрижува како Синдикат е тоа што веруваме дека во еден момент немаше вработен во Полицијата а да не се чуствува барем во овие неколку дена вреднуван, знаејќи го притоа фактот како секојдневно се справува со предизвиците од кризата на терен а некој и покрај се му го вреднува трудот доколку добиевме убава вест. Но не е така за жал.
Ова вчера што го изјавија преку соопштение од Владата за жал мораме да констатираме дека е страшно, жално и бедно и невреднување на трудот на вработените во Полицијата. Со оглед на тоа сметаме дека ваквата одлука на Владата е СРАМНА. Се сеќавате до пред извесно време пред неколку години токму од Министерот Спасовски беше измислена паролата „Задоволна полиција – безбедни граѓани“. Да се запрашаме а и запрашајте се Вие господа од Владата сега дали после оваа срамна одлука ќе имаме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА?, велат од Синдикатот на Полиција во Македонија – СПМ и додаваат:
„Запрашај се самиот Министре Спасовски ако веќе имаш самиот осет за тоа”.
Како Синдикат сметаме и веруваме дека Ви е познато дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените НИШТО денари кои ги предлага Владата со ребалансот на буџетот. Барем да предвидевте исто колку и здравствените работници, Да, малку се но сигурно ќе оставеа трага за задоволство во овие тешки и макотрпни времиња како една награда за секојдневниот ризик кој го преземаат работниците во Министерството за внатрешни работи.
Согласно наведеното НАЈОСТРО СЕ СПРОТИСТАВУВАМЕ на вчерашното соопштение, реагираме до Владата и Собранието и БАРАМЕ да се преиспита ова наше барање и во најбрз можен рок да се исправи нанесената неправда нанесена сега и пред извесно време на вработените во Министерството за внатрешни работи. Веруваме дека сите заедно ќе смогнете сила и без разлика на политиките ќе ја донесете сите заедно оваа одлука која за момент можеби ќе ја врати довербата во професијата „ПОЛИЦАЕЦ“. Зошто да нема покачување на платите во Полицијата? ЗОШТО?
Да направиме од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава. Вие сте на потег, изјавија преку фејсбук статус.