Социјалистичката партија на Македонија веќе укажа на последиците од понижувачкиот бугарски Протокол кој за министерот за правда Тупанчевски бил прилично апстрактен, а говорот на омраза не треба да се поврзува со Бугарија, се вели во партиското соопштение на Социјалистичката партија.
-Според Тупанчевски наставките во новиот Кривичен Законик, поврзани со кривичната одредба и кои посочуваат на омраза предизвикана „врз основа на закон или ратификуван меѓународен договор“ се меѓународна пракса, но не биле поврзани со настаните во нашата држава. Го потсетуваме министерот Тупанчевски дека оваа одреда со непроменет текст постои во Кривичниот Законик, меѓутоа едностраноста и селективноста на министерот не му дозволуваат да признае дека воопшто и не постоел оваков билатерален Протокол кој остава простор за слободно толкување на говорот на омраза. Како секој министер во Владата на СДС и ДУИ и Тупанчевски го одобрува ваквиот Протокол, но и тој не размислува за последиците кои се случуваат или ќе се случат. Дотолку повеќе што Тупанчевски, како министер за правда и професор по кривично право, укажува на широкото толкување на Протоколот и на фактот што истиот ќе предизвика класична цензура. Нагласуваме дека не е проблематична меѓународната усогласеност на одредбата за омраза во Кривичниот Законик, проблем е меѓународниот преседан и меѓународната неусогласеност на Протоколот кој Тупанчевски упорно го поддржува. Оттаму прашањето е кога Тупанчевски зборува за националните институции кои ќе одлучуват дали постои или не говор на омраза, мисли на институциите во кои само 8% од граѓаните имаат доверба или можеби ќе може да објасни како на база на неправедниот Протокол ќе спроведува правда во Македонија. Со целата почит кон академската професија на министерот би било добро да престане со бламирањето.
Барем да го сачува достоинството, ако не сопственото, тогаш на научната институцијата која ја преставува и конечно, штотуку поставен, да си поднесе оставка од должноста министер за правда, истакнуваат од Социјалистичката партија.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека ова е само еден мал дел од проблемите кои ќе произлезат од квинслишкиот протокол со Бугарија. Пошироката јавност дополнително ќе стане свесна за тежината на сидрото кое е обесено околу Македонија со потпишувањето на овој срамен Протокол и последиците кои произлегуваат од него, додаваат од таму.