Филипче вели дека епидемиолошката состојба е стабилна, има помалку од 5000 активни случаи а испразнети се и голем број од инфективните одделенија.
-„Сметам дека сите земји треба да научат да живеат со оштите превентивни правила и да се зголемува степенот на вакцинација против Ковид-19. Не можеме за секој еден сој да воведуваме мерки. Сметам дека тоа што се бара задолжителна вакцинација, мерките што важат да не се преполнуваат затворените простории, како и мерките за патување се сосема доволни, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Во Македонија има само еден случај на Омикрон откриен минатата недела и тоа кај лице кое допатувало од Велика Британија. Дали има и други лабораториите допрва ќе истражуваат. За разлика од кај нас во соседно Косово каде вчера за прв пат го евидентирале новиот сој, позитивни се дури 9 од 22 анализирани примероци на заразени од кои дел биле во странство, а повеќето не патувале нигде.
-Следната недела ќе се направи група на тестови кои ќе бидат секвенционирани, но во овој момент нема знаци дека има влошување на епидемиолошката состојбата, изјави Филипче.
Омикрон е причина за забрана на јавни празнични манифестации во голем број земји, откажани авионски летови, задолжителен ПЦР на граница и покрај вакцинален статус. Кај нас според надлежните доволно е само носење на маска и одржување на дистанца