На денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски си ја препиша заслугата за обезбедување дополнителни 100 милиони денари за пензии, но реалното прашање кое се наметнува е дали Буџетот за 2024 година може да се смета како реален и дали воопшто ќе се исполни?

Факт е дека во 2024 година е изборна година, а истата носи и многу расходи. Иако денеска премиерот изјави дека со буџетот за 2024 година за пензии предвидени се дополнителни 100 милиони евра повеќе од годинава, со цел понатамошно нивно зголемување согласно методологијата сепак тоа можеби е и нереално.

На оваа тема се огласи даночниот експерт Павле Гацов и Бранимир Јовановиќ.

Предлог-буџетот за 2024 година е нереален и не одговара на моменталната криза, оценува професорот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии

На прашањето „дали може да се издржи со оваа политика во изборна година“ Гацов вели дека во предизборието ќе има прекумерно трошење.

За жал, кога имаме избори економијата има изборен застој. Особено кога имаме изборен молк. Тогаш не треба да се објавуваат јавни набавки или да се афирмираат инвестиции. Тогаш бизнисот исчекува. Тоа исчекување значи дека никој посериозно нема да загриза во бизнисот очекувајќи расплет на настаните, на истата или нова влада по изборите, вели Гацов.

Земајќи предвид дека не очекуваат изборите се наметнува и прашањето „Дали буџетот за 2024 е нереален“ на што тој вели дека не е.

Новата влада ќе формира нов буџет. Ваквиот буџет за 2024-та би го имале само до изборите. Во овој контекст ветувањата за пораст на платите, пензиите, раст на минималната плата и слично се генерално нереални економски проекции. Треба да има ретерирање, во спротивно ќе има зголемување на долгот

Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и заменик – министерката за правда, Викторија Аврамовска – Мадиќ, денеска ги посетија градинката „Виножито“ и дневниот центар „ЕДУ Практика“ во Струмица.

На новинарско прашање за антикризните мерки и покачувањето на пензиите, премиерот истакна дека не е начин пред избори на пензионерите да им се ветува еднократно зголемување, туку, како што рече, ова е начинот кога во време на најголема криза се зголемени пензиите за толкав процент.

Најави дека во наредната година ќе има поголеми покачувања.