Зоран Петровски е режисер од Македонија, кој е роден и живеел во Скопје, сѐ до неговото студирање во Бугарија. Тој стана актуелен по неговата победа на бугарскиот „Survivor“ во кој како за главна награда си освои скоро 77,000 евра или речиси 5 милиони денари, објави Мотика.

На овој настан на „TedxTalks“ зборува за неговата борбеност и тактика како победил во шоуто, што е во ред, но исто така и не пропушта прилика да се испромовира како „горд Бугарин“, кажувајќи шега која ниеден Македонец не смее да си дозволи да ја каже.

Според „шегата“ на Македонецот, вели дека Македонците пцуеле лошо затоа што немале свој јазик. Тоа може да го погледнете на 2.19 минута на видеото.

По видеото, стигнаа многу реакции од македонската јавност, а прашање е дали некој Македонец може воопшто да си дозволи ваква „шега“.