Христијан Мицкоски треба да понесе одговорност за хаосот што му се случува на Скопје, наместо јавно да се жали за своите проценки.

Мицкоски беше тој кој ја поддржуваше Данела Арсовска на локалните избори, Мицкоски беше тој кој во нејзино име најавуваше нови еколошки автобуси па дури и фабрика за нивно производство.

Денес, не само што нема нови автобуси, туку не функционира ниту постоечкиот јавен превоз.

Приватните превозници не возат, а Јавното сообраќајно претпријатие е во долгови и пред колапс.

Одговорноста за катастрофата што се случува во Скопје е кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

И градоначалничката и претседателот и мнозинството во Советот и мнозинството во надзорните и управни одбори во јавните градски претпријатија, сите се поврзани со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

За само една година, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше Градот, Скопје денес стагнира, нема нови проекти, нема довршување ниту на наследените, но затоа има партизација и колапс на јавните претпријатија.

Центар за комуникации со јавноста-СДСМ