Каде е најисплатливо да го поминете вашиот одмор?
Претходниов период преку вашите пораки успеав да направам мало истражување колку се цените по баровите на плажите во регионот.
Како што се забележува и од анкетите убедливо најниски се цените во Бугарија каде еспресо може да се најде и за само едно евро, а палачинки по две евра. Евтина опција е и Петровац во Црна Гора кој е далеку поевтин од Будва. Изненадува тоа што во Грција краците се поскапи од островите – во конкретново истражување Крф е поевтин од Полихроно. Убедливо најскап е Хвар каде Македонците почесто одат да работат, отколку да летуваат. Таму коктелите се по 20 евра, а шише вино стигнува и до 70 евра. Еден коктел на Хвар доаѓа колку што чинат пет коктели во Сончев Брег, Бугарија. За во Хрватска далеку поисплатлив е Задар. Албанија е поскапена од лани, но и покрај тоа е пристапна. Секако, го имаме и Охрид каде цените варираат. Може да се најде и поевтина варијанта, но и поскап. Факт е дека малку имаат претерано некои места, но пазарот функционира на принцип понуда – побарувачка. Веројатно се наоѓа некој кој плаќа 470 денари за Мохито штом го ставиле по таа цена.
Кој е вашиот фаворит за ова лето и каде ќе го поминете вашиот одмор? 🩳🩱🧴
Боемот 2.0
ИНФОГРАФИКОТ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ:
View this post on Instagram
Следува објава и за летување на останати дестинации како Малта, Шпанија, Франција, Португалија.