СЦ „Ново Лисиче“ во иднина ќе го носи името на прерано починатиот ракометар на Бутел Скопје, Марко Божиновски.

20-годишниот Божиновски беше израснат во Аеродром и беше голем навивач на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, па членовите на општинскиот Совет донесоа одлука во неговата чест.

Левото крило играше за Металург и за Бутел Скопје, беше дел и од кадетскиот национален тим на Македонија.