Сите граѓани кои првата доза ја примиле на овој вакцинален пункт , за ревакцина ќе можат да одат во која било од поликлиниките во главниот град.
– На територија на град Скопје, вакцинацијата се одвива во 7 поликлиники. Во две смени работат поликлиниките „Букурешт“, „Јане Сандански“ и „Чаир“. Во една смена работат поликлиниките во Ѓорче Петров, Драчево, Ченто и Шуто Оризари.
Според последните податоци со две дози во земјава вакцинирани се околу 730.000 граѓани, односно 43,6 % од полнолетното население.
Државата на располагање има над 200.000 вакцини, повеќето Фајзер, а секој понеделник преку ковакс механизмот се испорачуваат околу 12.000 дози од овој производител.