Интервенции за стабилизирање на цените на бензин и дизел
Владата денеска напладне одржува вонредна седница на која ќе се разгледаат и донесат мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата, објавуваат извори од кабинетот.
Според информациите на Курир, се очекува Владата да прогласи кризна состојба поради зголемените цени на бензините.
„По најновите скокови на светските нафтени берзи, дизелот би можел да поскапи за над 10 денари по литар, а бензинот за околу 6 денари. Владата ќе интервенира со намалување на данокот и со мерки против поскапувањето на струјата“, соопштија извори за Курир.
Премиерот Мицкоски ќе информира за мерките
По завршувањето на седницата, премиерот Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира деталите за мерките и очекуваното влијание врз пазарот на горивата и трошоците за граѓаните.
