Последните активности на партиите на Албанците поврзани со барањето за ново отворање на Уставот ги разбудија случувањата по изборите во 2016 година и формирањето на првата влада на Зоран Заев, aнализира „Пресинг ТВ“.
Тогашните лидери, од кои некои и денеска се на чело поставија услови за поддршка на СДСМ кој не победи на изборите и на кого му беше неопходна поддршка од албанските партии.
Условите за поддршка на Владата, Артан Груби и Али Ахмети, Билал Касами и Зијадин Села ги договорија во Тирана заедно со премирот на Албанија Еди Рама во т.н „Тиранска платформа“.
Ако од денешна перспектива се погледне тој документ ќе се види дека тој во голема мера е имплементиран. Остана уште уште целосната двојачност во Македонија и промена на химната знамето и грбот како и носење на резолуција за осуда на т.н „албански геноцид“ од 1912-1952 година.
Но токму барањето за рамноправност на албанскиот со македонскиот јазик и бришење на формулацијата „20 проценти“ како што сега стои, е главното барање за поддршка на партиите на Албанците за поддршка на влез на Бугарите во Уставот.Што би рекол нашиот народ-ништо нема за џабе.
Но, од друга страна, на партиите на Албанците не им се слуша кога на овие нивни услови лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предложи укинување на т.н „Балансер“ и на Бадинтеровото мнозинство. Нивниот одговор на тоа беше дводомен Парламент и носење на целосно нов Устав.
Деновиве лидерите на Албанците се растрчани по регионот во убедување на туѓи премиери и дипломати во своите предлози.В.д лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари е на средба со премиерот на Албанија Еди Рама откако минатата недела изјави дека за неговите барања ќе ги информира „поважните“ амбасади.
Пред неколу дена вицепремиерот Артан Груби побара Скопје и Тирана да се координирале во надворешната политика и посебно во , замислете одбрана на УЧК.
Беса пак побара средба на албанските партии за градење на заеднички став околу барањата за промена на Уставот.
Останува да се види дали претставниците на Албанците ќе говорат во една глас на лидерската средба кај премиерот Ковачевски в понеделник.