Истражувањето на руската вакцина „Спутник лајт“ покажа дека лицата кои ја примиле вакцината како трета доза ќе бидат 100 отсто заштитени од сојот омикрон во текот на три месеци, изјави за телевизијата „Русија 1“ директорот на Центарот „Гамалеја“, Александар Гинцбург.
Тој изјави дека 75 отсто од вакцинираните со Спутник В имаат антитела кои го неутрализираат сојот омикрон.
– Ако се погледне крвната плазма на луѓето кои примиле засилувачка доза Спутник лајт, може да се забележи дека тие имале 100 отсто антитела кои го неутрализираат вирусот три месеци по примањето на третата вакцина, истакна Гинцбург.
Што се однесува до крајот на пандемијата, директорот на „Гамалеја“ не е премногу оптимист.
– Не се осмелувам да тврдам дека ова е последната фаза. Додека разговарам со вас, се појавуваат бесконечен број нови видови на Ковид-19. Засега само се бориме со последиците, почнуваме да го гасиме пожарот, додека огнот веќе гори, додаде Гинцбург.