Македонка од Катар распали по лажните вести околу евакуацијата

Македонката Ангела Николовска која живее во Доха преку Фејсбук се огласи и одговори на шпекулациите на одредени поединци кое почнаа со ширење на лажни вести. Таа одговори на лажните вести на социјалните мрежи кои изнесоа информации дека македонските државјани од Блискиот Исток се враќаат со комерцијални летови и дека од Дубаи до Скопје сообраќа редовна авионска линија. Таа ги демантираше ваквите тврдења и вели дека не треба да се мешаат партии кога се спасуваат луѓе.

„Дали мора во секоја ситуација, особено во кризна ситуација да мешате партии?! Зошто бе луѓе? Толку ли ниско паѓаме? Нели се тоа “наши” деца, родители, браќа и сестри или само “наши” пари се важни?“, пишува Македонката Ангела од Катар.

Во објава на социјалните мрежи таа посочува дека не е точно дека постои директен лет од Дубаи до Скопје, ниту пак дека сите заглавени граѓани имаат финансиска можност сами да си купат авионски билет.

„Лага е дека FlyDubai има директен лет за Скопје, не е тешко да се провери. Лага е и дека сите што се заглавени во регионот имаат пари да си платат карта – тие што имаа пари одамна си заминаа“, наведува на својот Фејсбук профил Angela Al Qataria.

Апел да не се политизира кризата

Таа во својата реакција истакнува и дека е недозволиво во ваква кризна ситуација да се прават политички пресметки, додавајќи дека станува збор за спасување на луѓе, а не за партиски поени.

„Дали мора во секоја ситуација, особено во кризна ситуација, да мешате партии? Нели се тоа наши деца, родители, браќа и сестри?“, пишува таа.
Во објавата таа посочува дека државата организирала евакуација за македонските граѓани и дека е погрешно да се критикува трошењето средства за нивно безбедно враќање, нагласувајќи дека човечките животи треба да бидат над политиката.

Погледнете го нејзиниот статус: