Весникот Блиц, повикувајќи се на извори блиски до Ѓоковиќ, објави дека тој 99 отсто нема да патува на АТП купот и одлучил да го пропушти натпреварувањето во Сиднеј.

Во составот на српската репрезентација се Филип Крајиновиќ, Душан Лајовиќ, Матеј Сабанов, Никола Чачиќ и Никола Милојевиќ, а Купот во Сиднеј ќе го пропушти и српскиот селектор Виктор Троицки.

Србија е во група со Норвешка, Чиле и Шпанија.