Владата на Србија ја измени Одлуката за привремена забрана за извоз на природен гас, со што гасот сепак ќе може да се извезува во Северна Македонија. Одлуката е сменета три дена по нејзиното донесување, на 20 октомври.

Привремената забрана и извоз е воведена со цел да се спречи заканата од критичен недостиг предизвикан од глобалното нарушување на енергетскиот пазар, пренесува Танјуг.

Пред три недели премиерот Димитар Ковачевски посочи дека се водат интензивни преговори со Србија за да се обезбеди гас, но набавката мора да се реализира со мултилатерални договори, во кои би бил вклучен и рускиот државен гигант „Гаспром“.