Директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурување на Србија, Сања Радојевиќ Шкодриќ, рече дека земјата го обезбедила лекот „сотровимаб“, кој ќе биде даден во една доза на ризичните групи пациенти во првите десет дена по позитивниот тест за Ковид-19, пренесува Танјуг.

Ден откако Европската комисија презентираше стратегија за развој на лекови против КОВИД-19, Европската агенција за лекови (ЕМА) во мај започна со континуирано испитување на овој лек.

Станува збор за моноклонско антитело развиено за третман на болеста КОВИД-19.