Bладата на Србија донесе одлука за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со цел успешно да се одговори на опасноста од нарушувања на пазарот предизвикани од значителниот раст на побарувачката на светскиот и на домашниот пазар.
Од тие причини, Владата одлучи да воведе квантитативни ограничувања на извозот на пченица, пченично брашно, пченка и житарки и сончогледово масло на месечно ниво и за одреден период, се вели во соопштението на Владата на Србија.