Српските медиуми пренесуваат за огромната трагедија ја потресе Македонија. Во страшен пожар што избувна во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, загинаа најмалку 51 лице, а околу 100 се повредени. Пожарот избувнал околу три часот наутро, додека во клубот имало околу 1.500 посетители.

Спасувачките екипи веднаш излегоа на терен, а истрагата е во тек за утврдување на причините за пожарот. Според првичните информации, трагедијата можеби настанала поради технички дефект или неовластена употреба на пиротехнички средства во клубот.

Во меѓувреме, српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ разговараа утринава за несреќата, по што беше донесена одлука 18 март да биде прогласен за Ден на жалост во Србија.

Семејствата на исчезнатите лица очајно бараат информации за своите најблиски, а медиумите во регионот постојано известуваат за најновите случувања. Македонските власти веќе почнаа официјална истрага за утврдување на одговорноста за оваа катастрофа.